(ФОТО) УХМР најави пороен дожд и грмежи во овие делови од државата!

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), локално во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 km/h), најавија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР исто така за денеска споделија карта со метео аларм, за повеќе делови од државата.

Во метео алармот посочија дека ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и грмежи.