
Ноќеска во 00:20 часот во скопското село Брњарци, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ц.(34) од Брњарци.
Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Претходно во 23:45 часот во селото, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода и И.Б.(38) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени пиштол, 23 куршуми. 20 ловечки патрони, една ќеса со барут, три конзерви со сачми, три конзерви со материјал за полнење на ловечки патрони, една кутија со каписли и алатки за изработка и полнење на патрони.
„По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.