(ФОТО) Уапсен Турчин во Гостивар - во возилото му пронашле марихуана, а во домот каде престојувал и кокаин

При петрес во Гостивар, пронајдена била дрога и лишен од слобода бил турски државјанин.

Како што информираат од МВР, ноќеска (04.10.2025) во 03:10 часот на улица ,,Живко Брајковски" во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Џ.Ш.(24) од Република Турција, кој се движел со патничко моторно возило „голф" со скопски регистерски ознаки, затоа што во возилото била пронајдена и одземена марихуана.

По добиена судска наредба, во 09:30 часот извршен е и претрес во дом и помошни простории во Гостивар, каде тој престојувал, и при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.

По документирање на случајот, против Џ.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.