ФОТО: Тротоарите во Центар налик депонии

Се повеќе фотографии на кои се гледа нечистотијата и ѓубрето во Општина Центар се објавуваат на социјалните мрежи.

На Фејсбук страната „Центар сака да дише“ се објавија фотографии со коментар дека тротоарите во општината се повеќе наликуват на мини депонии.

Ѓубрето насекаде по улиците и тротоарите стана секојдневна слика, а очигледно надлежните потфрлуваат во одржувањето на здрава и чиста животна средина.