(ФОТО) Трет ден по ред се расчистува во Карпош 3 - се собираат суви дрвја, гранки и искорнати корени

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски денеска информираше дека трет ден по ред службите се на терен во Карпош 3, каде се расчистуваат гранки, суви дрвја, насобрани лисја и искорнати корени.

„Веќе трет ден по ред, екипите на Општина Карпош работат на расчистување и редовно одржување со акциски пристап на локации низ Карпош 3, со засилено темпо и јасна цел - сите површини што побрзо да бидат расчистени и безбедни. Денес активностите продолжуваат во Лептокарија и кај градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе, каде што се отстрануваат гранки, суви дрвја, искорнати корени и насобрани лисја“, посочи Лукровски.

Тој посочи дека на терен биле ангажирани екипи и механизација, а работата ќе продолжи се додека не се расчистат локациите.