ФОТО: Трајановски и Митровски извршија увид на градежните работи на улица „Ѓорче Петров“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски денеска беа во увид во градежните работи на улица „Ѓорче Петров“, каде што изминативе неколку месеци се вршеа градежни работи за реконструкција на оваа важна сообраќајна артерија.

-Оваа важна сообраќајница се реконструира на потег од кружниот тек кај СП „Планет“ до крстосницата каде што е лоцирана зградата на Општина Ѓорче Петров, во должина од 1.245 метри. Асфалстирањето на коловозот заврши и е нанесен нов асфалтен слој Сплит Мастикс со дебелина од 5 сантиметри, а во моментов се работи на реконструкција на велосипедските и на пешачките патеки. Ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи додека траат градежните работи и да се придржуваат до поставената сообраќајна сигнализација, кажа градоначалникот Трајановски.

За реконструкција на коловозот на улицата Ѓорче Петров, на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ до општинската зграда, Градот Скопје вложи околу 21 милиони денари, додека на терен работите ги извршуваат екипите на „Пелагонија“ АД Гостивар.

Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, бидејќи улицата „Ѓорче Петров“ е од исклучително значење за жителите на општината и за сите учесници во сообраќајот што се упатуваат кон излезот на Скопје.