ФОТО: Тешка сообраќајна незгода вечерва во Скопје

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае, во непосредна близина на комплексот „Порта Влае“.

Според првичните неофицијални информации и од она што може да се забележи од фотографиите, во несреќата оштетени се повеќе возила и притоа е срушена метална бандера со помал билборд.

Во незгодата учествувале три возила. На местото на настанот веднаш реагирале екипи на Брза помош, Противпожарната единица и полиција. 

Очевидци за Скопје Инфо сведочат дека силен удар ги вознемирил гостите кои седеле во локалните кафулиња.

Првичните информации на Министерството за внатрешни работи велат дека досега две лица се јавиле со полесни повреди по сообраќајната несреќа.