Фото: Тешка сообраќајка во центарот на Скопје, неколкумина повредени

Тешка сообраќајка со неколкумина повредени се случи попладнево на булеварот Кочо Рацин во близина на Зеленото пазарче во центарот на Скопје.  Фотографиите ни ги испратија очевидци од местото на настанот. 

Според информациите сообраќајот се одвива отежнато, Министерството за внатрешни работи во моментов врши увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта.