(ФОТО) Светна главниот град! Скопјани заедно симболично ја стартуваа празничната магија

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа во објава на Фејсбук по настанот на плоштадот „Македонија“ каде симболично беше означен почетокот на празничната магија во главниот град, сподели импресии и фотографии од настанот.

„Градот убав повторно блесна!  Од срце ви благодарам, драги скопјани, најдраги дечиња, за масовното присуство, за радоста и за прекрасната енергија што вечерва ја споделивме заедно. По години сивило, Скопје повторно блесна, свечено ја осветливме новогодишната елка и официјално го отворивме Божиќниот маркет, со што симболично го означивме почетокот на празничната магија во нашиот главен град, истакна Ѓорѓиевски.

Со оваа церемонија, како што вели, Скопје направило значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, создавајќи настани што носат позитивна енергија, заедништво и радост за сите генерации.

„Оваа вечер ќе остане запишана во историјата и ќе прерасне во убава традиција“, порача градоначалникот, додавајќи дека било време Скопје повторно да живее со светлина, насмевки и празнична топлина.