(ФОТО) Струмичките пожарникари утринава интервенирале на три различни локации

Денес, во утринските часови ТППЕ Струмица имала три интервенции.

 Како што соопштија преку социјалните мрежи, во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Како, во запалена викендица било интервенирано со едно противпожарно (ПП) возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители.

Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, во запалена куќа било интервенирано со 3 ПП возила и 8 пожарникари-спасители.

Во 09.48 часот, во село Муртино, при запален оџак, било интервенирано со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители.

Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193.