Фото: Страшна сообраќајка на Партизанска - карамбол од неколку возила

Извртени и искршени возила, блокирана улица, стакло и парчиња од автомобил на сите страни - ваква беше сликата која синоќа на еден час пред полноќ ја забележавме на булеварот „Партизански одреди“.

Сообраќајната незгода се случила веднаш по безниската пумпа на „Окта“, а во неа учествувале три возила. Според полициски извори во неа со полесни повреди се здобиле неколку лица кои со возило на итната медициска помош се префрлени во скопскиот ургентен центар.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.