Фото: Страотна сообраќајка на булеварот "Борис Трајковски"

Тешка сообраќајна несреќа вчеравечер околу полноќ се случи во населбата Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“.

Според информациите на Курир од терен, автомобил „Мерцедес“ со штипски регистерски ознаки, прво удрил во автобуската постојка, по што продолжил да се движи во паркот зад неа удирајќи во бандера и на крај се превртел на кров.

Бројот на евентуално повредени лица не е познат, но очекувајте повеќе информации во текот на денот.