Фото: Среќа што имаме месечина, да не си ја утнеме зградата

Карпошани се жалат дека имаат проблеми со уличното осветлување, а една жителка на Карпош 4 вели дека е срамно во 21 век да шетаат по мрак.

-Среќа што имаме месечина, да не си ја утнеме зградата кога се враќаме дома. Карпош 4, Скопје, 21 век. Никогаш не било потемно, се жали таа.

Проблемите не биле само во Карпош 4, туку идентичен проблем имале и жителите на Карпош 3.

-Карпош 3 е страшен навечер. Кога се враќам од работа во 21.30 часот е навистина страшно, вели друга жителка.