Фото: Спектакуларен крај на Супер Скопје

Фантастична забава и атмосфера на втората вечер од „Супер Скопје“ на Боемската улица во Дебар Маало. Нино Величковски и Тамбурашите, Љубојна и Оркестарот на Џамбо Агушев се погрижија за одличната забава, но и за спектакуларен крај на Супер Скопје.

-Премногу сум задоволен од масовната посетеност на четирите викенда додека траеше оваа манифестација, а исклучително позитивни се и коментарите и реакциите на граѓаните, напиша градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на својот Фејсбук профил.