ФОТО: Сообраќајка пред „Бисер“, се судрија три возила

На булеварот пред трговскиот центар Бисер во населба Аеродром пред малку се случи сообраќајна несреќа.

Се судрија три возила. Полицијата во моментов врши увид на местото на настанот.

Според очевидец на сообраќајката, нема тешко повредени лица, а причинета е голема материјална штета.