Сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Скопје – Тетово, во близина на првата наплатна рампа.

На местото на несреќата се присутни полициски екипи, а сообраќајот се одвива отежнато во овој дел од патот. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за причините за сообраќајката.


Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот на надлежните служби.