Фото: Солзавец и димни бомби за расчистување на демонстрантите пред сообрание

Полицијата со солзавец и димни бомби ги растерува демонстрантите од пред Собранието кои протестираат против Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија.

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието на Република Македонија, пренесува Макфакс.

Протестот, организиран преку социјалните мрежи, ескалираше откако дел од демонстрантите фрлаа со камња и факли кон полицијата и се обидоа да го пробијат кордонот за да влезат во Собранието, по што припадниците на ЕБР со оклопни возило ја растурија толпата.