Фото: Скопската сообраќајна некултура на дело

На булеварот Србија, кој минува низ општина Аеродром, веќе подолго време се забележуваат долги колони, особено во утринските и попладневните периоди кога протокот на возила е поголем. Ова делумно се должи на фактот дека приклучокот кон бул. АСНОМ од бул. Србија е затворен веќе неколку месеци и не може да се сврти во правец кон Ново Лисиче.

Големата гужва која се забележува на оваа сообраќајница е доволна од скопските возачи да ја извлече и онака ниската сообраќајна култура, па случаи како овој на фотографијата каде со возила преку зеленило се врти полукружно, за жал се секојдневние...

Слични ситуации имаме и на други локации низ Скопје.