Фото: Скопје слави, Вардар е шампион!

Машкиот ракометен клуб на Вардар уште еднаш ја освои регионалната СЕХА лига, а за радоста да биде уште поголема, победата на ПДП Загреб е остварена на домашен терен во Скопје, во ракометниот храм „Јане Сандански“. 

Скопје и домаќинот Вардар во најпозитивно светло го организираа турнирот на најдобрите четири екипи, а вардарци одиграа фантастично добро пред домашната и регионалната публика покажувајќи дека се ракометна сила за почит. 

Фајнл фор турнирот во СЕХА лигата понуди голем број на атракции, како и спектакуларно шоу со кое се отвори вечерашното големо финале, со многу танчерки, играорци и модерни анци со што публиката доби до знаење дека и Скопје може да покаже врвен квалитет во највисокото ниво на ракометна организација.

Вардар во финалето го совлада Загреб со резултат 26:24 иако и пред самиот крај со неколку контри однапред беше решен конечниот победник. Третото место оди за словенечки Целје кој во малото финале беше поуспешен од белоруски Мешков Брест.

За Вардар ова е вкупно четврта титула во регионалното натпреварување со што ја продолжува феноменалната низа без ниту еден пораз во СЕХА лигата и со тоа ги сруши сите рекорди. 

Криштопанс и Циндриќ беа најдобри стрелци во екипата на Вардар со пет погодоци, но признанието играч на натпреварот оди во рацете на голманот Арпад Штербик со феноменалните одбрани.