Скопје утрово, се прв пат оваа година, се разбуди под снежна покривка.
Според метеоролозите, врнежите од снег ќе продолжат во текот на целиот ден.
Времето ќе биде облачно и студено со снежни врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат од минимални -1 до максимални 1 степен.
Државата е под влијание на циклон од север, што донесе снег на повисоките и на пониските места. Најобилни врнежи се очекуваат во северозападните региони, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со врнежите од снег се очекува значително опаѓање на температурите. Во среда ќе биде најстудено, со минимални температури кои ќе достигнат до -10°C.