Фото: Скопјани прославија за поканата од НАТО

Во Скопје синоќа се славеше добивањето на покана за НАТО во Градскиот парк.

Со граѓаните славеа вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, но и претставници на дипломатскиот кор.

Шекеринска очекува доколку сите работи се направат како што треба Македонија следната година да стане земја членка на НАТО. Прослави имаше во 15 градови во Македонија. 

Целата галерија погледнете ја на Фактор.мк.