
На социјалната мрежа „Х“, споделена фотографија од скопјанец, кој „успеал“ своето возило да го паркира на дури три паркинг места.
На фотографијата може да се забележи како камионет со скопски регистарски таблички се паркирал непрописно врз три паркинг места во строгиот центар на Скопје.
Профилот со псевдоним „Д-р Михаела“ која ја сподели фотографијата, овој потег го оцени како „низок степен на интелигенција“.
Со „епитет“ се приклучи и профилот „Santa Clause“ кој напиша: „Одамна не сум видел волку селски сељак. Победник во борбата за тронот“.
Одамна не сум видел волку селски сељак. Победник во борбата за тронот.
— SantaClause (@14times3) August 5, 2026
Сепак, и покрај наводите, останува отворено прашање дали возачот на ова возило платил за три паркинг места, или едноставно само така го оставил.
Инаку, за македонската сообраќајна култура вчера посведочи и видео кое беше објавено во Улциљ, Црна Гора, каде тетовец непрописно го паркирал своето возило пред излезот од паркинг и оневозможил повеќе возила кои се наоѓале таму да излезат, па дел од возачите биле приморани да го бараат тетовецот низ градот.