Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, која била во еден од автомобилите кои учествуваа во сообраќајна несреќа утрово околу девет часот на автопатот кон Гевгелија, ја потврди информацијата.
-Се уште сме тука, на местото на несреќата. За среќа сме добро, но девојката што удри во нас е повредена. Поради изградба на автопатот, во функција е само една лента, но девојката која што удри во нас, од спротивната страна, се обиде да претекнува, па удри во заштитната ограда, а потоа и во нас, изјави Шеќеринска за „Фокус“.
На интернет протекоа и фотографии од оштетениот автомобил во кој се наоѓала потпретседателката на опозицијата за време на несреќата.