Фото: Шилегов ги замени контејнерите кои беа запалени за време на полицискиот час

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, објави дека во центарот на градот се заменети контејнерите кои вчера беа запалени додека немаше никој на улиците, односно во време по отпочнувањето на забраната за движење која започна во 16.00 часот.

Контејнерите беа запалени на булеварот „Партизански одреди“ кај трговскиот центар Буњаковец спроти филијалата на Стопанска банка.