ФОТО: Северина е новото заштитно лице на „Пелистерка“

Освен што ќе го стави својот потпис на водата за пиење „Пелистерка“, Северина со компанијата во текот на следната година ќе реализира неколку големи проекти за промоција на брендот на македонскиот пазар, но и на пазарите во регионот.

Најголемата балканска музичка ѕвезда Северина ќе биде новото заштитно лице на најпознатиот македонски бренд за вода „Пелистерка“. Познатата хрватска поп-пејачка и менаџментот на компанијата деновиве потпишаа договор за соработка врз основа на којшто ќе реализираат неколку големи проекти за промоција на брендот на македонскиот, но и на пазарите во регионот.

Од „Пелистерка“ истакнуваат дека ја избрале Северина за заштитно лице поради нејзиниот уникатен стил и неверојатната енергија што ја поседува.

– Северина е поим за моќна убавина, уникатен стил и непресушна енергија, карактеристики кои што се препознатливи за нашата вода. Ја избравме Северина за заштитно лице бидејќи таа секогаш е во тек со трендовите, а „Пелистерка“ е компанија која ги поставува трендовите во нашата индустрија. Заедно правиме производ кој ќе претставува комплетно различна визија од сѐ претходно што е претставено на македонскиот пазар, но и во поширокиот регион – велат од „Пелистерка“.

Популарната пејачка досега соработувала со реномирани светски брендови од Германија и од Швајцарија, чие е заштитно лице, а ова ѝ е прва соработка со компанија од Македонија.

– Неверојатно сум горда што компанија од Македонија ме избра токму мене за нејзино заштитно лице. Воопшто не се двоумев дали да ја прифатам поканата бидејќи станува збор за реномирана и успешна компанија која произведува врвна вода за пиење. Македонија е една од моите омилени земји која постојано ја носам во срцето и навистина сум среќна што сега ќе имам можност да ја посетувам почесто – изјави Северина по потпишувањето на договорот со „Пелистерка“.

Една од најголемите и најмодерните фабрики за вода на Балканот, на компанијата „Пелистерка“, веќе на големо ја извезува препознатливата македонска вода на пазарите во Србија, Бугарија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово. „Пелистерка“ важи за пионерот во атрактивните промоции со познати женски личности од јавниот живот во Македонија. За следната година, засилени со Северина најавуваат интензивни и интересни активности.