Фото: Се преврте возило на автопатот Скопје – Штип, едно лице загина, едно тешко повредено

На 08.05.2021 во 16.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучка Коњари, патничко возило „нисан навара“, со скопски регистарски ознаки, излетало од патот. С.О.(27) од с.Елово, починал на местото на незгодата, а С.А.(37) од с.Долно Количани се здобил по тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.