(ФОТО) Се обидел на „Табановце“ да внесе 595 сребрени прстени сокриени под седиште

Царински службеници на граничен премин Табановце при контрола на автомобил откриле дури 595 сребрени прстени.

Според информациите кои ги сподели Царинската управа, сторителот, кој со намера да избегне плаќање давачки, ги имал скриено под седиштата.

Накитот со вкупна тежина од 1,7 килограми бил запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка, наведуваат оттаму.

Воедно додаваат дека прекршокот бил снимен со телесни камери кои ги носат службениците.