(ФОТО) Се бара скопјанка со деменција, можно е да се качила во „22-ка“ - семејството со апел да биде безбедно задржана, доколку се забележи

Семејството на скопјанката Лидија, која боледува од деменција, упати апел до граѓаните за помош во нејзиното пронаоѓање.

Според последните информации објавени од семејството, постои можност таа да се качила во автобус на линијата број 22, кој сообраќа од Волково кон Центар.

Во апелот се наведува дека нејзината точна локација не е позната и дека може да се наоѓа на било кое место низ градот.

Претходно беше објавено дека последен пат била забележана во населбата Црниче, во општина Кисела Вода.

Семејството ги повикува граѓаните доколку ја забележат да не ја одминуваат, туку да се обидат да ја задржат на безбедно место и веднаш да ги известат на телефонскиот број 070 399 945.