Фото: Рајн Некар во опуштена атмосфера на пат кон Скопје

Ракометарите на Рајн Некар утрово тргнаа за Скопје каде утре ги очекува дуелот со Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.

Уморни по бундеслигашкото дерби во средата во кое го победија Кил, „лавовите„ си дозволија малку опуштање на летот за Скопје.

Исланѓанецот Стефан Сигурмансон си најде позиција на рамото на Харалд Рејнкајнд, а моментот го фати Александер Петерсон и го сподели на социјалните мрежи со шеговита забелешка „love is in the air..“