
Неколку места во државата утрово се разбудија со снег.
Меѓу нив, со првиот снег за оваа календарска 2026 година беше и Скопје.
Највисока снежна покривка од 31 сантиметар била измерена на Попова Шапка, како и најниска температура во 7 часот од -4 степени Целзиусови.
Снежна покривка од два сантиметра има и во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец над 60 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.