Фото: Приведени двајца скопјани кои превезувале огревно дрво без документи

На 19.03.2023 околу 20.00 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје и Н.Ќ.(47) од с.Страхојадица, скопско.

- Во возилото „фолксваген венто“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Претходно, на ул.„Сердарот“, откако ги забележале полициските службеници, двајцата го оставиле возилото и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени, информира МВР.

Како што соопшти МВР, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.