(ФОТО) Преполни контејнери стојат и кај „Беко“

Откако утрово Скопје Инфо сподели за реакциите на скопјани за нерасчистениот отпад кој е расфрлан низ разни маала низ градот, наши читатели со нас споделија и фотографии од преполни во центарот на градот.

Имено, станува збор за преполни контејнери кои се наоѓаат во непосредна близина на Катната гаража „Беко“ во општина Центар.

Во изминативе неколку месеци, скопјани речиси секојдневно од различни делови на градот реагираат за состојбата со хигиената на главниот град.