
Во Фејсбук групата „Стари Скопјани“, госпоѓа што е нејзин член денеска сподели фотографија од преполни контејнери со отпад поточно на улица „Орце Николов“ кај Центарот за странски јазици.
На фотографијата, освен преполните контејнери, може да се забележат и купишта отпад околу нив.
Во текот на август, Скопје Инфо споделуваше вести кои стигаа до нас од наши читатели за повеќе неиспразнети контејнери, како и за „мини депонии“. Се чини дека овој проблем се уште не е целосно надминат.
