Фото: Прегладнет коњ лежи на Партизанска

Прегладнет коњ синоќа околу полноќ лежеше на булеварот „Партизански одреди“, спроти Универзалната сала во Скопје. На фан-страницата на Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, е објавена фотографија на која се гледа дека коњот кој бил впрегнат да влече двоколка, лежи на самиот булевар близу велосипедската патека.

Под објавата на фотографијата, граѓаните коментираат дека треба да престане измачувањето на животните и со закон да биде забрането користењето на коњите како превозно средство.

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ пред неколку години организираше граѓанска петиција и упати барање до надлежните градски и државни органи, Градот Скопје, Советот, како и Агенцијата за храна и ветеринарство, да донесат забрана за влечен сообраќај со коњи. Од Здружението велат дека се сооочуваат со секојдневни слики на изнемоштени коњи на улиците на Скопје, кои се болни, гладни и жедни, тепани и приморувани да се движат и тогаш кога не можат ниту педа подалеку.

Фото: Макфакс