ФОТО: Пожар во напуштено основно училиште во скопско Пржино

Простории на поранешно основно училиште во скопско Пржино се целосно опожарени. Причините за пожарот не се познати, а огнените јазици брзо се проширија поради силниот ветер кој дува. Десетина пожарникари прават обид да го изгаснат, но засега, тој се шири.

Командирот на скопската Пожарникарната бригада, Sвонко Томевски, вели дека не постои опасност пожарот да ги зафати и околните објекти.

„Тоа е напуштена барака. Има три возила таму, се интервенира во моментот. Не е страшен пожар, но станува збор за голема, долга барака, педесетина метри која е празна. Нема опасност да се прошири пожарот на околните објекти“, изјави Sвонко Томевски.

Густите облаци од чад се шират и гледаат од повеќе населби на Скопје. Најмногу, од Кисела Вода. Гаснењето на пожарот го комплицира силниот ветер кој дува.

Фото: Оливер Настески