Фото: Пожар во центарот на Скопје, гори објект на Адвокатската улица

Вечерва по 21 часот избувна пожар во стар објект во адвокатската улица во Скопје.

Во моментов, јавува МИА, на терен се четири противпожарни возила коишто го гаснат пожарот. 

Според последните информации изгаснат е пожарот на адвокатска улица во Скопје, меѓу МАНУ и Универзитетската библиотека. Во пожарот до темел изгоре куќа, која била напуштена и нема повредени лица.