(ФОТО) Поранешен ракометар на Вардар е Македонецот кој загина во експлозијата во Белград

Поранешниот ракометар на Вардар, Мартин Сипковски, трагично го загуби животот во експлозија што се случи на 1 октомври во Белград, на улицата Косовска, во близина на Народното собрание на Србија, пренесува порталот „спорт.ком.мк“.

Сипковски во минатото настапуваше за младинските категории на Вардар, а во последните години беше активен во модната индустрија.

Според информациите на српските медиуми, тој настрадал поради нестручно ракување со експлозивна направа која, наводно, била планирана за обид за ликвидација на наркодилер.

Силната експлозија го уништи станот на Сипковски, а дополнително беа оштетени и два соседни стана. Српските власти спроведуваат истрага за целосно расветлување на случајот.