Фото: По долго време се роди прле во скопската Зоолошка

Во скопската Зоолошка повторно има принова, откако вчера се родило женско прле.

Зоолошката соопшти дека по многу години се родило прле, а притоа објави фотографија од магарицата и прлето.

Неодамна во зоолошката имаше принови и кај мајмуните од видот макаки, а се роди и пони.