Возачите грешат, полицајците помагаат. Прикличувањето на новата автопатска делница кај Демир Капија ги збуни оние кои патуваат кон Гевгелија. Единствени кои точно го погодија новиот автопат се „блех" музикантите. Ним не им требаа патоказни знаци бидејќи ги следаа банктотите кои доаѓаа од градителите на последната автопатска делница на „Пријателство".

Таква среќа немаат странците кои минуваат низ Македонија. Но, тие и македонските возачи не знаат добро да читаат знаци, смета директорот на Ј.П. Државни патишта Зоран Китанов.

Кога нема задолжена полициска патрола ангажирна од Неготино, повеќето возачи продолжуваат право на стариот и иззабен пат до Смоквица. Хаосот настанал откако новиот автопат е пуштен, а знаците се премали и затскриени, тврди градончалникот на општина Демир Капија.