(ФОТО) Платото на УКИМ некогаш не било место само за свечености и дружба меѓу студентите

Вчера и денес трае првиот рок за упис на нови студенти на факултетите при УКИМ. На најдобриот државен универзитет поминале генерации и генерации, а и тој самиот се развивал и се прилагодувал на времето.

Познатото плато на УКИМ, сместено помеѓу Правниот, Економскиот и Филозофскиот факултет, денес се користи за свечености на универзитетот, за разни студентски настани, но главно место каде што низ студентските денови се собираат и дружат студентите.

Сепак, на социјалните мрежи се појави една постара фотографија, на која што може да се забележи како тоа место порано се користело и како место за професорите и вработените на универзитетот да си ги остават возилата, односно како паркинг.