(ФОТО) Пет видови дроги пронајдени кај нив - четворица скопјани и кумановец уапсени во Галичник

Синоќа во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во село Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишиле од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

Од МВР информираат дека при претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени биле повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Лицата биле задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, посочија оттаму.