Фото: Пет ноќни фотографии за Денот на Скопје

На 13 ноември пред 73 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Денес Скопје е град метропола. Вистинска гордост на сите скопјани и предизвик за странците и туристите. Во продолжените следуваат неколку убави ноќни фотографии од Скопје: