Фото: Пешак прегазен во Карпош 4, поминувал улица на место каде нема пешачки премин

Автомобил удри во пешак во Карпош 4, вчеравечер. Несреќата се случила во близина на трговскиот “Антико”. Според информации од минувачи, тој поминувал улица преку жардењери, на место каде нема пешачки премин. Во него, удрило возило “Киа”.

Пешакот веднаш беше префрлен во болница. Екипа на Брза помош го превзема по неколку минути. Увид правеа и екипи на МВР.

По несреќата, на помош застанаа случајни минувачи и двајца возачи кои возеа зад возилото кое удри во пешакот.

Фото: Скопје1.мк / 24инфо.мк