ФОТО: Паднато дрво ја блокира автобуската станица во Лисиче

Два дена е блокирана автобуската станица во населба Лисиче.

Причина за тоа е паднато големо дрво кое службите изгледа не најдоа време да го отстранат.

Како што пренесува Курир, дрвото се срушило при последното невреме кое беше пред две вечери и за среќа никој не бил повреден.

Утрово на автобуската станица пред трговскиот центар во населба Лисиче, граѓаните коментираат дека општината треба нешто да превземе бидејќи дрвото им пречи.