Фото: Општина Карпош започна со воведување на зонско паркирање?

По примерот на општините Аеродром и Центар од фотографиите се гледа дека и општината Карпош од денес започнува со воведување зонско паркирање.

Револтирани жители од општината до редакцијата на Скопје Инфо испратија фотографии од паркингот спроти гимназијата Орце Николов кој на ниту едно место не е обележан дека станува збор за Зонско паркирање, но по налог на општината служби од Градски паркинг попладнево поставувале блокатори и подигнувале непрописно паркирани возила.

На фотографиите се гледа дека паркингот е празен, а на возилата кои се сеуште таму веќе се поставени блокатори.

Возачите револтирано реагираат дека општината не смее да казнува и поставува блокатори на паркинг кој не е обележан дека е дел од Зонското паркирање во Скопје. Истовремено прашуваат дали ова значи воведување Зонско паркирање на територија на цела општина Карпош.