(ФОТО) Општина Ѓорче Петров го средува зеленилото на местото каде што граѓани снимија змии

По објавеното видео на Фејсбук, каде што змија шета по стадионот „Македонски лавови”, од општина Ѓорче Петров информираат дека вчера излегле на терен да ја искосат тревата и да го уредат зеленилото.

– Тревата се коси навремено и напоредно на цела територија на Ѓорче Петров, особено по најавите за нагло затоплување на времето. Но, и покрај тоа, ги повикуваме граѓаните, доколку имаат забелешки, веднаш да пријават на телефоните во општината, како би можеле навремено да регираме – велат од општината за „Слободен печат”.

Од општината додаваат дека се уредува и зеленилото покрај ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски” каде исто така имаше реакции за наводна појава на змии во задниот дел на училишниот двор.