Фото од Хрватска: Среде огнот и жештината, пожарникар ѝ даде вода на желка

Додека трае борбата со пожарите на Корчула, еден пожарникар издвоил момент за да помогне и на животно погодено од високите температури.

На фотографијата, која ја објавија „Vatrogasci Korčula“, се гледа како пожарникарот внимателно ја држи желката и ѝ дава вода од шише.

Фотографијата е направена во текот на гаснењето на пожарот, во услови на високи температури и физички напор за пожарникарите кои со часови се на терен.

Извор: Vatrogasci Korčula