
Општина Карпош ја заврши целосната реконструкција на детското игралиште помеѓу зградите на улицата „Јуриј Гагарин“ бр. 25 и 35.
Од Општината информираа дека обновени се сите детски реквизити и урбаната опрема, со што игралиштето доби нов, побезбеден и пофункционален изглед.

„Со оваа инвестиција создаваме подобри услови за игра, рекреација и дружење на најмладите карпошани. Продолжуваме со реконструкција и обновување на детските игралишта низ целата територија на Општина Карпош, со цел секое дете да има безбеден и квалитетен простор за игра“, нагласија од Општина Карпош.
Исто така, од таму апелираа до сите граѓани совесно и одговорно да ги користат и чуваат детските реквизити и урбаната опрема.