(Фото) Нова патарина се поставува кај Евзони

Од ова лето, судејќи по најавите, патниците кои ќе одат во Грција преку граничниот премин Богородица/Евзони ќе имаат поголем трошок за патување.

Според градежните работи на терен патниците ќе имаат уште една наплатна рампа за плаќање, пишува порталот grčka.info.

Новата патарина се наоѓа на околу три километри од граничниот премин Евзони и се уште не започнала да работи.

За сега не се знае кога ќе почне наплатата на патарина и колку ќе чини.

Исто така непознато е дали плаќањето патарина ќе биде новата обврска на патниците или оваа наплатна рампа ќе замени некоја постоечка.

Цена на патарини во Грција: