ФОТО: Никна праз во фонтаната кај ТЦ „Бисер"

„Никна“ праз во фонтаната која се наоѓа во близина на ТЦ Бисер во Општина Аеродром, а која беше затрупана со земја за таму да бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрвца.

„После затрупувањето, фонтаната е и успешно посадена со праз. Да, праз, зошто само празна глава може ова да го направи.

#Златко, имаш ли памет?“ стои во објавата на Фејсбук која предизвика бурни реакции.

Според извори на „Пулсинфо“ се работи за герила акција  од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– По барање на граѓаните, одлучено е фонтаната да биде претворена во хортикултурно катче, а деновиве ќе бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрва. Поради тоа што е скапо повторно да се репарира фонтаната која е стара повеќе од 12 години, се одлучивме на ваков чекор. Во врска со насадените празови, тоа не е ништо друго освен евтина герила акција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – објасни Владимир Стевков, секретар во Општина Аеродром за „Плусинфо“